Кошарка натпревар од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година

Влезниците за Македонија-Луксембург по цена од 150 и 200 денари

Натпреварот ќе се игра во реновираната сала во „Градски парк“ и цената на влезница за централната трибина изнесува 200 денари, а на трибините зад кошевите цената е 150 денари.

Влезниците за Македонија-Луксембург по цена од 150 и 200 денари

Македонската кошаркарска федерација ја информира јавноста дека пуштени се во продажба билетите за натпреварот против Луксембург.

Ова е натпревар од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година. Сите заинтересирани љубители на кошарката ќе можат да си обезбедат влезен билет преку продажната мрежа на „МКТикетс“.

Натпреварот ќе се игра во реновираната сала во „Градски парк“ и цената на влезница за централната трибина изнесува 200 денари, а на трибините зад кошевите цената е 150 денари.

Македонските кошаркари се подготвуваат во „Градски парк“, а дуелот против Луксембург се игра в петок со почеток во 18 часот.

To top