Ракомет

Ракометните младинци во многу тешка група на ЕП, кадетите во пеколна група!

Ракометните младинци во многу тешка група на ЕП, кадетите во пеколна група!

Денеска во Виена се одржа ждрепката за ЕП за младинци и кадети на кои како што е познато ќе учествува и Македонија.

Младинците се најдоа во групата Д во која се и селекциите на Хрватска, Данска и Норвешка.

Инаку ова ЕП за селекции до 20 години или младинско ЕП се одржува во Романија и тоа од 8 до 19 јули.

Ждрепката за кадетското првенство, кое се одржува во Белград од 29 јули до 9 август, да се падне во А групата и тоа заедно со Франција, Шведска и Словенија.

Најдобрите две селекции од нашата, но и од сите останати ќе се пласираат во главната рунда на ова ЕП за кадети.

To top