Познати

Расел Бренд се изјасни за невин по новите обвиненија за силување

Новите обвиненија следат по претходните тужби од април 2023 година, коишто исто така, вклучуваа обвинувања за силување и сексуален напад.

Расел Бренд се изјасни за невин по новите обвиненија за силување

Британскиот глумец Расел Бренд се изјасни за невин по новите обвиненија за силување и сексуален напад поднесени против него. Обвиненијата се однесуваат на случаи што наводно се случиле во 2009 година, објави „Скај њуз“.

Новите обвиненија следат по претходните тужби од април 2023 година, коишто исто така, вклучуваа обвинувања за силување и сексуален напад. Тогашните првични обвиненија вклучуваат четири жени и инциденти што се случиле меѓу 1999. и 2005 година.

Бренд (50) во тоа време доследно ги отфрлаше наводите за какви било сексуални односи без согласност.

 

Извор МИА

Најнови вести од Познати

To top