Кошарка

Во Хапоел Тел Авив летаат оставки на сите страни

Во Хапоел Тел Авив летаат оставки на сите страни

Екипата на Хапоел Тел Авив влезе во оваа сезона во Евролигата со амбиција и во еден момент беше лидер на табелата, но во последните неколку недели ситуацијата се промени за 180 степени.

Играчите и навивачите се нервозни, сопственикот на клубот Офер Јанаи е фрустриран, додека Димитрис Итудис е под огромен притисок.

Според израелските медиуми, Хапоел го напуштија потпретседателот Бен Рубино и потпретседателот за кошаркарски операции Омри Лутингер.

Засега нема информации за тоа што се случило и зошто ја прекинале соработката со Офер Јанаи, како и како нивното заминување ќе влијае на финансиите на клубот.

Покрај тоа, се споменува дека ова не се единствените оставки што се очекуваат во Тел Авив, и дека во наредниот период би можеле да следат нови.

Интересен момент е што тие си заминуваат по победата во првенството против Макаби Рамат Ган (91:62), а неколку дена откако трансферот на Најџел Хејс-Дејвис, новиот играч на Панатинаикос, пропадна. Хапоел веруваше дека има сè што им е потребно за да го ангажира минатогодишниот шампион на Евролигата со Фенербахче, но се чини дека се прецениле и ја изгубиле трката за неговиот потпис, што многу го налути Димитрис Итудис, кој сега предолго чека засилувања што ќе внесат нова енергија во неговиот тим. Негова замена наводно е Кеслер Едвардс, поранешен играч на Бруклин, Денвер, Сакраменто и Далас, кој оваа сезона играше во развојната лига и имаше просек од 15,1 поен и 8,1 скок по натпревар.

To top