Ракомет Еурофарм Пелистер

Граховац: Мислам дека спортски подобро е да играм во Битола

Хрватот Граховац во Битола ќе игра до крајот на оваа сезона, со можност да го продолжи договорот за уште една година.

Граховац: Мислам дека спортски подобро е да играм во Битола

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер го очекуваат уште три натпревари во Лигата на шампионите, но секако за клубот поголема важност сега имаат дуелите во домашните натпреварувања. Битолчани за таа цел донесоа и засилување односно играч на позицијата пикер.

-Бев близу да дојдам во Еурофарм Пелистер, уште минатата сезона кога заминував од Веспрем, но заради други причини го одбрав Вецлар. Сепак останавме во контакт со клубот. Лигата на шампионите е ранг повисоко, доаѓа и плеј-офот каде има дерби натпревари. За мене мислам дека спортски подобро е да играм во Битола. Се работи за балансирана екипа, ги знам играчите, сум играл против некои од играчите, сметам дека лани тимот заслужено беше шампион на Македонија и може и оваа година да биде повторно, изјави Никола Граховац.

Хрватот Граховац во Битола ќе игра до крајот на оваа сезона, со можност да го продолжи договорот за уште една година. Претходно покрај тоа што го носеше дресот на бундеслигашот Вецлар во оваа сезона има настапувано за Веспрем, Загреб, а негов прв клуб е Дубрава.  (МИА)

To top