Кошарка стартуваат претквалификациите за Европското првенство 2029 година

Македонските кошаркари тренираа под палката на Шпанецот Берокал

–  Како федерација, остануваме цврсто определени кон професионализација, развој на домашните играчи и враќање на препознатливиот репрезентативен дух. Пред нас се сериозни предизвици, но и можности – и веруваме дека со заедничка работа, поддршка од јавноста и медиумите, можеме повторно да ја позиционираме македонската кошарка на нивото кое го заслужува – порача првиот човек на македонската кошарка.

Македонските кошаркари тренираа под палката на Шпанецот Берокал

Шпанскиот кошаркарски стручњак Жозеп Мариа Берокал, од денеска и официјално е селектор на машката македонска кошаркарска репрезентација.

Новиот македонски селектор веќе почна со работа, одржа два тренинга и ги изнесе своите први импресии пред претставниците на медиумите:

-Ви благодарам за можноста да бидам тука, привилегија е да бидам селектор на Македонија. Знам дека е краток периодот за подготовки, но во овие само два тренинга со репрезентацијата, видов дека има голем простор за напредок. Мислам дека треба да размислуваме на долги патеки, да го унапредуваме тимот и важно е за иднината, кои млади играчи ќе доаѓаат во националниот тим“.

Шпанскиот тренер ги објасни „врските“ како дојде до стартот на оваа, сите се надеваат, долгорочна соработка:

– Што се однесува до македонската кошарка, поврзан сум со неа преку Владо Илиевски, му бев тренер пред 23 години. Некои од играчите во репрезентацијата ги познавам, му бев тренер на Војдан Стојановски во Украина, некои ги знам од Шпанија. Среќен сум, знам дека на почетокот нема да биде лесно, ќе биде долг процес, но ќе се обидеме да направиме максимум од овие играчи. На кошаркарите им реков дека треба да се натпреваруваат сами со себе, да бидат подобри, да имаат шампионски менталитет. Да не гледаме премногу далеку во иднината, да се фокусираме на она што ни претстои, изјави Берокал на денешната промоција.

На прес конференцијата претседателот Томе Главчев, информираше дека во стручниот штаб со Берокал, е вклучен Ѓорѓи Кочов тренер со меѓународно искуство, а во работата со репрезентациите е вклучен и Владо Илиевски.

–  Како федерација, остануваме цврсто определени кон професионализација, развој на домашните играчи и враќање на препознатливиот репрезентативен дух. Пред нас се сериозни предизвици, но и можности – и веруваме дека со заедничка работа, поддршка од јавноста и медиумите, можеме повторно да ја позиционираме македонската кошарка на нивото кое го заслужува – порача првиот човек на македонската кошарка.

Македонските кошаркари првиот натпревар под водство на Шпанецот Берокал ќе го имаат в петок од 18 часот во Градски парк, а противник е Луксембург. Со овој дуел стартуваат претквалификациите за Европското првенство 2029 година. (МИА)

To top