Фудбал

Македонски судии ќе судат на Реал Мадрид во младинската ЛШ

Македонски судии ќе судат на Реал Мадрид во младинската ЛШ

Македонскиот судија Игор Стојчевски доби задача да го суди натпреварот меѓу младите фудбалери на Реал Мадрид и Челзи во рамките на осминафиналето од Младинската Лига на УЕФА.

Стојчевски е делегиран за мечот кој е закажан во вторник со почеток од 16 часот, а ќе се одигра на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид.

Заедно со Стојчевски како главен судија, како негови помошници ќе бидат Вјолца Изеири и Филип Ицковски.

To top