Во Струмица синоќа било пријавено дека е настанат пожар на паркирано патничко возило „ленд ровер“, соопшти МВР.
-На 21.02.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во времето од 19:30 до 19:45 часот настанал пожар на паркирано патничко возило „ланд ровер“ со струмички регистарски ознаки сопственост на Н.М.(51) од Струмица, кој се проширил и зафатил и друго паркирано возило „форд“ со струмички регистарски ознаки сопственост на В.Т.(53) од Струмица, стои во билтенот на МВР.
Како што соопшти МВР, возилата биле паркирани на паркинг простор пред зграда на ул. „Браќа Миладинови“ во Струмица. Од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
-За случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршија инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.