Кошарка

Никси надополнија 18 негатива и победи, Вембањама со нов дабл-дабл учинок

Никси надополнија 18 негатива и победи, Вембањама со нов дабл-дабл учинок

Само пет натпревари ноќеска се одиграа во НБА лигата, а најинтересниот беше последниот во Њујорк.

Тимот на Никс ја надополни негативата од 18 поени во четвртата четвртина и ги победија Хјустон Рокетс со 108-106.

На стартот на последниот период гостите водеа со 75-93, но домашните кошаркари не се откажаа.

Во последните две минути Њујорк направи серија од 9-2 и комплетно го сврти натпреварот. Кевин Дурент имаше шанса за израмнување но неговиот обид од далечина не беше прецизен.

Карл-Ентони Таунс постигна 25 поени, Џејлен Брусон имаше 20, како и ОГ Ануноби кој додаде и шест скокови. За Хјустон, бадијала останаа 30-те поени на Дурент.

Виктор Вембањама имаше даблд-дабл учинок во победата на Сан Антонио Спарс над Сакраменто Кингс со 139-122.

Младиот Французин натпреварот го заври со 28 поени и 15 скока, за осма победа по ред на Спарси. Сакраменто го загуби 16-тиот натпревар по ред што е рекорден за франшизата.

To top