Кошарка

ЖКК Крива Паланка и ЖКК Баскет Кам во финалето на Купот

ЖКК Крива Паланка и ЖКК Баскет Кам во финалето на Купот

Кошаркарките на Крива Паланка обезбедија пласман во финалето на 34 издание од завршниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“ што се одржува во Македонска Каменица.

Во вториот полуфинален натпревар девојките од Крива Паланка беа многу подобри од својот голем ривал, екипата на Бадел 1862 со резултат 81:45.

Кај победничките Робинсон го заврши овој полуфинален меч со 26 поени (плус седум асистенции, пет освоени топки и четири скока). Алексовска имаше учинок од 17 поени (5/7 во обидите за три поени), и пет скока, Груевска запиша 11 поени, а Ниехуес застана на 10 поени (шест скока и две асистенции).

Во екипата на Бадел 1862, Марија Николов постигна 14 поени (имаше и по пет скока и пет асистенции), а Клири дојде до дабл-дабл учинок од 10 поени и 15 скока.

To top