Фудбалерот Џејмс Милнер испиша историја во натпреварот на неговиот Брајтон против Брентфорд, достигнувајќи 654 настапи и заземајќи го првото место на вечната листа на Премиер лигата.
Милер е „вечниот тинејџер“ на Премиер лигата, откако стана рекордер за најмногу настапи во англиското првенство на 40-годишна возраст.
Тој играше во победата на Брајтон од 2:0 над Брентфорд и стигна до 654 настапи во Премиер лигата, со што го престигна Гарет Бери кој застана на 653 настапи.
Милнер, играчот од средниот ред играше на натпреварот против лондонскиот тим во копачки со бројот 654.
Тој го имаше своето деби во англиското првенство во дресот на Лидс на 10 ноември 2002 година, а Премиер лигата објави објава за тоа што се случи таа година кога се претстави на фудбалската јавност.