Осумдесет годишен дебранец се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил негов сограѓанин со патничко моторно возило.
-Синоќа околу 20.55 часот во Одделението за внатрешни работи е пријавено дека на улицата „Иса Болетини“ во Дебар патничко возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки управувано од Е.Б.(20) од Дебар удрило во пешакот Н.Л.(80) од Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“.
На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа од ОВР Дебар.