Македонија Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година

Две години од смртта на маестро Александар Џамбазов

За својата работа доби над 40 награди и признанија во Македонија и Југославија.

Две години од смртта на маестро Александар Џамбазов

На 85-годишна возраст, на денешен ден 2022-ра година, почина маестро Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор.

Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје.

Џамбазов има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство а добитник е на голем број стручни награди. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии. За својата работа доби над 40 награди и признанија во Македонија и Југославија, меѓу кои и државната награда „11 Октомври“ и наградата на Град Скопје „13 Ноември”.

Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина.

To top