Македонија Кабинет на заменик на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење

Фетаи: Албанскиот јазик истраен пред секој предизвик, повеќејазичниот соживот е вредност на нашето општество

Затоа, јазичната јасност не е само прашање на норма, туку и прашање на институционална функционалност и почит кон граѓанинот“, истакна заменик-претседателот на Владата Фетаи.

Фетаи: Албанскиот јазик истраен пред секој предизвик, повеќејазичниот соживот е вредност на нашето општество

Денес, во просториите на Клуб на пратеници, беше одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, со присуство на претставници на државните институции, академици, универзитетски професори, истражувачи и други поканети гости.

Во своето обраќање пред присутните, заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, ја истакна важноста на мајчиниот јазик како темел на културниот, институционалниот и општествениот идентитет, ставајќи посебен акцент на правилната и јасна употреба на јазикот во администрацијата, образованието и медиумите.

Тој нагласи дека албанскиот јазик на овие простори поминал долг историски пат, останувајќи жив и функционален и покрај предизвиците. Во таа насока, истакна дека изработката и промоцијата на новиот речник претставуваат важен чекор кон стандардизација и усогласување на терминологијата во службените документи, учебниците и јавната комуникација.

„Нејаснотиите во терминологијата и во службените формулации често стануваат извор на недоразбирања, одолговлекување на постапките и различни толкувања. Затоа, јазичната јасност не е само прашање на норма, туку и прашање на институционална функционалност и почит кон граѓанинот“, истакна заменик-претседателот на Владата Фетаи.

Тој додаде дека во време на непосредна комуникација и брзо ширење на информации, одговорноста за правилна и професионална употреба на јазикот е уште поголема, особено кај јавните институции и медиумите.

Во завршницата на својот говор, заменик-претседателот на Владата изрази благодарност за трудот и ангажманот на професорите, истражувачите и експертите кои придонеле во подготовката на новиот речник, изразувајќи уверување дека истиот ќе стане секојдневна референца во институционалната, образовната и медиумската практика.

Остануваме посветени на поддршка на иницијативи што го зајакнуваат правилното, еднакво и функционално користење на јазиците во Северна Македонија, во согласност со законските стандарди и принципите на повеќејазичен соживот.

Најнови вести од Македонија

To top