Кошарка

Леброн Џејмс повторно го облекува дресот на Кливленд

Леброн Џејмс повторно го облекува дресот на Кливленд

Се поизвесно е дека Леброн Џејмс ја игра последната сезона во дресот на Лос Анџелес Лејкерс. Но, легендата на НБА лигата е можно да ја продолжи кариерата во екипата на Кливленд Кавалирс.

Според ЕСПН и Брајан Виндхорст во поткаст на „Кливленд радио“ изнесоа информации дека големи се шансите Леброн повторно да го облече дресот на Кливленд.

Сепак главен момент претставува намалување на неговата плата и играчот треба да се согласи на новите услови.

Леброн Џејмс има 41 година и е најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата, а има настапувано во својата кариера за Кливленд, Мајами и ЛА Лејкерс. (МИА)

To top