Лидерот во ракометната Супер лига Вардар ја потврди соработката со репрезентативецот на Србија десното крило Вукашин Воркапиќ. Тој „црвено-црниот“ дрес ќе го носи до крајот на сезоната 2027/28.
Станува збор за искусен играч кој има 28 години и настапи за Металопластика, францускиот тим Иври, а во Вардар прави трансфер од Војводина каде настапуваше во домашната лига и куп, како и во дуелите од ЕХФ Лига Европа.
Како репрезентативец на Србија има настапи и на светски првенства, а беше дел и од составот на селекторот Раул Гонзалез и на ЕП во Данска. (МИА)