Македонија Министерство за европски прашања

Сали учествуваше на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Сали учествуваше на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

По покана на директорот на Агенцијата за примена на јазиците, Гранит Османи, Заменик-претседателот на Владата, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. На настанот присуствуваа и Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, како и Амбасадорот на Косово, Флориан Кехаја.

По тој повод, Сали истакна дека мајчиниот јазик претставува темел на идентитетот, културното наследство и општествената кохезија, нагласувајќи дека неговата употреба и почитување во институционалниот и јавниот живот претставуваат основно право и демократски стандард.

Повикајќи се на албанологот Екрем Чабеј, тој потсети дека јазикот е најјасното огледало на историјата и духот на еден народ и затоа треба да се негува и промовира како обединувачка вредност во едно мултиетничко општество.

Најнови вести од Македонија

To top