Македонија Скопје

Сиљановска-Давкова на прием по повод роденденот на Императорот Нарухито

Посакувам продлабочување на билатералните односи и заедничко дејствување во меѓународните институции, во духот на мирот и одржливиот развој, изјави претседателка Сиљановска-Давкова.

Сиљановска-Давкова на прием по повод роденденот на Императорот Нарухито

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на приемот по повод роденденот на Императорот Нарухито, во организација на Амбасадата на Јапонија во Скопје.

Јапонскиот народ е горд на својата историја и култура и негува длабока почит кон императорот како симбол на единството. Македонско-јапонските односи се пример за партнерство меѓу географски далечни држави коишто негуваат блиско пријателство засновано на меѓусебна почит, заемна доверба и континуирана соработка, изјави претседателката.

Јапонија е голем поддржувач во развојот на инфраструктурата, образованието, здравството и заштитата на животната средина, а културната и академската размена нудат нови можности за усовршување на младите.

Посакувам продлабочување на билатералните односи и заедничко дејствување во меѓународните институции, во духот на мирот и одржливиот развој, изјави претседателка Сиљановска-Давкова.

🇲🇰🤝🇯🇵 Присуствував на приемот по повод роденденот на Императорот Нарухито, во организација на Амбасадата на Јапонија во…

Posted by Gordana Siljanovska Davkova on Thursday, February 19, 2026

Најнови вести од Македонија

To top