Промо ПРОМО

Патот на Гоце Голомеиќ од Факултетот за туризам до успешен угостител во Скопје: Праксата и контактите со професорите ми дадоа сигурност и дополнителна мотивација

Патот на Гоце Голомеиќ од Факултетот за туризам до успешен угостител во Скопје: Праксата и контактите со професорите ми дадоа сигурност и дополнителна мотивација

Тој е пример како образованието и страста можат да се спојат во успешна приказна. Завршил Факултет за туризам, а денес со својот брат стои зад еден од омилените локали на скопјани, „Рагуза“. Имал јасна визија уште од почетокот на студиите – да стане менаџер и лидер, кој ќе ја комбинира семејната пракса со нови трендови и знаења што ги добил на факултетот.

Што ве привлече да студирате на Универзитетот „Скопје“, на факултетот за туризам? Од каде се појави таа желба?

„Уште од мал растев во семејство кое беше посветено на угостителството, Родителите ми беа пример за тоа што значи гостопримство и колку е убава професијата кога ја работиш со срце. Желбата дојде сосема природно – сакав да ги надградам нивните искуства со академско знаење и да ја продолжам традицијата, но и да внесам нешто ново и модерно. Со брат ми сме трета генерација од семејството која е во овој бизнис“.

Голомеиќ: „Со брат ми Перица сме трета генерација од семејството која е во овој бизнис“.

Кога се запишавте, имавте ли јасна визија што сакате да правите по завршувањето на студиите?

„Да, имав јасна визија уште од самиот почеток – знаев дека моето место е во угостителството. Се замислував во улога на менаџер и лидер, кој ќе ја комбинира семејната пракса со нови трендови и знаења што ги добив на факултет. Се гледав како некој што ќе го подигне нивото на бизнисот на повисок стандард“.

Какво беше искуството како студент, што паметите како највредно од тие години?

„За мене највредно беше што стекнав пошироко гледиште. Како студент научив дека туризмот и угостителството не се само услуга, туку цела култура на комуникација со луѓе. Праксата и контактите со професори и со колеги ми дадоа сигурност и дополнителна мотивација“.

Имаше ли некои професори или предмети кои особено ве инспирираа или ви отворија нови перспективи?

„Да, имаше професори што навистина ме инспирираа – особено оние кои нè учеа дека гостопримството е повеќе од професија, тоа е уметност. Од нив научив како да гледам пошироко, да се инспирирам од меѓународни примери и да размислувам креативно кога станува збор за менито, концептот и пристапот кон гостите“.

Што конкретно од факултетските знаења ви помогна кога почнавте да ја градите „Рагуза“?

„Факултетот ми помогна со солидна основа во менаџмент, маркетинг и организација на настани. Тие знаења директно ги применив во ‘Рагуза’. На пример, концептот на брендирање и одржлив развој ми беа насоки за тоа како да ја изградиме ‘Рагуза’ како препознатливо име на пазарот“.

Голомеиќ: „На младите би им порачал да гледаат на угостителството како на уметност каде секоја средба со гостин е нова можност да направиш некого среќен“.

Што ви е најважно како угостител – услуга, гостопримство, мени, енергија? Кој е вашиот личен „рецепт“ за добар локал?

„За мене е најважно вистинското гостопримство – кога секој гостин ќе се почувствува како дел од семејството. Менијата, атмосферата и услугата се надградба, но суштината е енергијата што ја внесуваш. Мојот рецепт е едноставен: квалитетна храна, искрена насмевка и внимание на деталите“.

Како гледате на состојбата со угостителството во Македонија денес? Има ли простор за напредок или е тежок терен за млади луѓе?

„Состојбата е предизвикувачка – конкуренцијата е голема, а пазарот бара постојана иновација. Но, истовремено има и многу простор за напредок. Мислам дека за младите ова е можност да донесат нови идеи и стандарди. Не е лесно, но ако се работи со страст, може да се успее“.

Што би им препорачале на младите кои сакаат да студираат туризам и подоцна да се занимаваат со угостителство?

„Би им препорачал прво да бидат сигурни дека ја сакаат оваа професија – затоа што бара многу време и посветеност. Да не се плашат да почнат од најосновните работи и да учат од секојдневието. Исто така, да гледаат на угостителството како на уметност каде секоја средба со гостин е нова можност да направиш некого среќен“.

Најнови вести од Промо

To top