Храна и Пијалаци РЕЦЕПТ

Орада во бело вино: Eдноставно, медитеранско јадење со свеж и префинет вкус

Послужете топло, со свежа салата или варен компир како прилог. 

Орада во бело вино: Eдноставно, медитеранско јадење со свеж и префинет вкус

Орада во бело вино е едноставно, медитеранско јадење со свеж и префинет вкус.

Комбинацијата од сочна риба, ароматична мајчина душица, лимета и бело вино создава лесен, но богат оброк, идеален за семеен ручек или свечена трпеза.

Потребни состојки:

  • околу 1,8 кг орада (или друга морска риба)
  • 1 главица кромид
  • 3 лажици презла
  • 3 лимони
  • 2 дл бело вино
  • 4–5 гранчиња мајчина душица
  • сол и бибер по вкус
  • маслиново масло

Начин на подготовка:
Исчистената, измиена и исушена риба посолете ја одвнатре и однадвор, па ставете ја во тава за печење врз листовите  лимон. Кромидот исечкајте го на помали парчиња и изблендирајте го со 3 лажици маслиново масло, мајчина душица и презлата. Додадете сол и бибер по вкус.

Два лимони излупете ги, исечете ги на коцки и додајте ги во смесата а, третиот исечете го на листови. Половина од подготвената смеса одвојте ја, а со другата половина наполнете ја рибата. Во преостанатата смеса додајте го белото вино и уште 3 лажици маслиново масло, промешајте и прелијте ја рибата. Печете во загреана рерна на 180°C околу 35–45 минути, односно додека рибата добие златна боја и омекне.

Послужете топло, со свежа салата или варен компир како прилог.

To top