Интернет-пребарувачот „Мозила фајрфокс“ воведува нова функција „Контроли на ВИ“ што ќе им овозможува на корисниците веднаш да ги тргнат вградените алатки со вештачка интелигенција (ВИ) со еден прекинувач, давајќи им целосна контрола врз тоа како функционира ВИ во пребарувачот. Така, корисниците ќе можат да ги блокираат сите или некои ВИ-функции на „Фајрфокс“, или пак, да задржат и вратат дел од нив.
Опцијата, наречена „Блокирај подобрувања на ВИ“, ги исклучува функциите како што се предлозите на ВИ, паметните асистенти и идните генерички интеграции без да мора да се разгледуваат сложените поставки и скриени менија. Овој потег е одраз на растечката загриженост на корисниците за приватноста, преоптоварувањето со автоматизација и несогласното ВИ-надградување, бидејќи „Мозила“ се позиционира како еден од првите големи пребарувачи што нуди јасна опција за откажување, наместо да ја наметнува вештачката интелигенција „по дифолт“.
„ВИ го менува вебот, а луѓето сакаат многу различни работи од него. Слушнавме мислења од многумина кои не сакаат никаква врска со ВИ. Исто така, слушнавме и други кои сакаат ВИ-алатки што се, всушност, корисни. Слушањето на нашата заедница, заедно со нашата постојана посветеност да понудиме избор, нè наведе да ги изградиме ‘Контролите за ВИ’,“ напиша компанијата во блог-објавата.
Воведувањето на новитетите почнува со „Фајрфокс 148″, којшто ќе биде објавен на 24 февруари. Корисниците ќе можат да најдат го најдат делот „Контроли на ВИ“ во поставките за десктоп на компјутери.
„Вештачката интелигенција секогаш треба да биде избор – нешто што луѓето лесно можат да го исклучат. Луѓето треба да знаат зошто некоја функција работи на начинот како работи“, се вели.
Објавата доаѓа откако „Мозила“ го именуваше Ентони Ензор-Демео за свој извршен директор во декември. При својот избор, тој рече дека „Мозила“ ќе инвестира во вештачка интелигенција и ќе додаде ВИ-функции во „Фајрфокс“, но дека компанијата ќе ги направи тие функции опционални.