Стратегот на битолчани Стевче Алушовски е задоволен од покажаниот карактер на тимот и рече дека има уште многу сегменти на кои мора да се работи.
„Не го отворивме мечот како што посакувавме и не одигравме дел од она што се договаравме претходно. Малку време сме заедно, се обидовме да покажеме добар карактер и прилично сум задоволен од враќањето на само еден гол разлика. Некои делови во нашата игра не одговараа на нивото на Лигата на шампионите, а не ни одеа во прилог ниту уморот на репрезентативците и неколкуте повреди што ги имаме. Треба да извлечеме поука од денешниот меч и да продолжиме со макотрпната работа.
Не сум незадоволен од одбраната, а бевме безидејни во нападот. Ни треба време, но го немаме. Ќе мораме да реагираме брзо и да се подобруваме во од.
Јас сум оптимист, со ваков карактер можеме да се надеваме на нешто повеќе, иако денес прикажаното не беше доволно за успешен резултат“, заклучи Алушовски.