Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Милевски: Минималната плата ќе се усогласи преку дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите

ВМРО-ДПМНЕ се разликува од останатите парти затоа што е константна во своите ставови. И како опозиција се даваше поддршка на работниците и на синдикатите и тој дијалог го продолживме и како власт, посочи Милевски.

Милевски: Минималната плата ќе се усогласи преку дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Милевски во вчерашното гостување во емисијата „Анализа“ на телевизија 24 се осврна на барањата на Сојузот на синдикатите за зголемување на платата и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се разликува од останатите политички партии поради конзистентноста во своите ставови, особено кога станува збор за правата на работниците.

„ВМРО-ДПМНЕ се разликува од останатите парти затоа што е константна во своите ставови. И како опозиција се даваше поддршка на работниците и на синдикатите и тој дијалог го продолживме и како власт“, посочи Милевски.

Пратеникот Милевски нагласи дека во рамки на Еконмско-социјалниот совет каде членуваат синдикатите, работодавачите и Владата како фасилитатор, согласно закон потребно е преку дијалог да се договарат за минималната плата, потенцирајќи дека Владата ќе ја поддржи одлуката.

„Работниците се во фокусот и решението коешто се бара за минималната плата треба да дојде преку дијалог, односно на средби кои ќе се организираат во Економско-социјалниот совет помеѓу работодавачите и синдикатите. Работниците се многу важни и тие никогаш нема да дозволат да бидат средство за политички пресметки затоа што се мудри луѓе коишто чесно си го заработуваат својот леб. Во разговори каде што нивните претставници ќе се договорат со работодавачите ќе се договарат, Владата ќе го прифати предлогот за таа вредносна плата“, дециден е Милевски.

Најнови вести од Македонија

To top