Свет разговарале цели два часа

Руските и украинските преговарачи имале самостојни преговори зад затворени врати во Женева

Главниот преговарач на Русија денеска во Женева се состана зад затворени врати со украински официјални претставници по завршувањето на формалните разговори меѓу двете страни кои се одржаа со посредување на САД, пишуваат руските државни медиуми, а пренесува Си-Ен-Ен, кому информацијата му ја потврдила и украинската страна.

Според наводите на руската агенција РИА Новости, Медински два часа разговарал зад затворени врати со Украинците во хотелот „Интерконтинентал“ пред да ја напушти Женева. Изворот на информацијата е анонимен.

Потоа, Медински потврди за руската агенција дека имало дополнителен состанок со украинската страна.

Преговарачкиот тим на Украина потврди за Си-Ен-Ен дека овој состанок навистина се одржал.

Американските официјални лица велат дека американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и зетот на претседателот на САД Доналд Трамп, Џаред Кушнер, заминале од хотелот во Женева пред Медински да се врати таму за дополнителни разговори.

Претходно, формалните разговори со американско посредување завршија по само два часа.

И украинските и руските преговарачи ги опишаа тие разговори како тешки.

To top