Кошарка

Познат распоредот за завршницата на Купот во женска конкуренција

Познат распоредот за завршницата на Купот во женска конкуренција

По машкиот турнир, следува и завршницата на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ за жени, која ќе се одржи на 21 и 22 февруари во Македонска Каменица.

Во првото полуфинале ќе се сретнат МЗТ Бела Вода и Баскет Кам 2011 (15:00 часот), додека во второто ќе играат Крива Паланка и Бадел 1862 (17:30 часот).

Финалниот натпревар е закажан за недела, 22 февруари, со почеток од 18:00 часот, кога ќе биде познат новиот освојувач на трофејот.

Љубителите на женската кошарка ги очекуваат возбудливи дуели и борба за првиот пехар во сезоната.

To top