Играта „Chicken Road“ се смета за измама со висок ризик, особено верзиите што агресивно се рекламираат на социјалните мрежи. Актерот Андрија Милошевиќ се огласи по повод настанот и откри дека неговиот лик се користи за промоција.
Андрија апелираше до сите да бидат внимателни.
-„Chicken Road“ е измама. Го користат мојот лик за промоција, a јас немам никаква врска со тоа. Ве молам обрнете внимание, напиша Андрија.

Милошевиќ и неодамна се огласи на социјалните мрежи и ја информираше јавноста дека неговата слика е користена за рекламирање без негова дозвола.
Имено, Андрија откри дека ангажирал адвокат за овој случај и се надева дека ќе се заложи за тоа.
-Уште еднаш да објавам дека мојот лик со вештачка интелигенција се користи за некаков вид “пилешко што носи пари“, не наседнувајте на тоа. Јас немам никаква врска со тоа. Тоа е класична измама, се обидувам да ставам крај на оваа неволја преку адвокат. Не рекламирам игри на среќа речиси три години, ниту пак имам намера. Споделете го ова за да можат да го видат што е можно повеќе луѓе, ви благодарам, напиша тогаш Андрија.