Република Кумановско-осоговска Епархија

МПЦ-ОА со информација до верниците: Еве кога ќе се служи Света Литургија по повод Св. Ѓорѓи Кратовски

Од Кумановско-осоговска Епархија потврдија дека согласно црковниот календар и типикот се преместива празнување на 22 февруари 2026 година, бидејќи паѓа во периодот на првата седмица од Великиот пост кога не се служи Света Литургија.

МПЦ-ОА со информација до верниците: Еве кога ќе се служи Света Литургија по повод Св. Ѓорѓи Кратовски

Македонската Превославна Црква – Охридска архиепископија, кумановско-осоговска Епархија ги ингормираа православните верници за денот на одбележување на празникот на Свети Ѓорѓи Кратовски, кој традиционално се одбележува на 24 февруари.

Чествувањето на Св. Ѓорѓи Кратовски, заштитник на општина Кратово, ќе се одржи на 22 февруари 2026 година (недела) со одлука донесена од Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Од Кумановско-осоговска Епархија потврдија дека согласно црковниот календар и типикот се преместива празнување на 22 февруари 2026 година, бидејќи паѓа во периодот на првата седмица од Великиот пост кога не се служи Света Литургија.

Posted by Кумановско-осоговска Епархија on Wednesday, February 18, 2026

„Чествувањето започнува со Света Архијерејска Литургија во 07:40 часот во црквата Св. Ѓорѓи Кратовски, а по завршувањето ќе се одржи Литија со иконата на светиот Ѓорѓи, која ќе не одведе до споменикот на Св. Ѓорѓи Кратовски во центарот на градот.
На Градскиот плоштад, од 10:30 часот ќе го прославиме патронскиот колач и Водокрст со Свештенослужителите.

Во 11:10 часот ќе започне културната програма, каде ќе уживаме во настапите на КУД „Ефрем Каранов“,поетски читања и настап на македонскиот фолк пејач Благоја Грујовски.

Приклучете се во ова прекрасно и значајно празнување на традицијата и духот на нашиот град“, информираа од општина Кратово.

🌿 Прослава на Св. Ѓорѓи Кратовски – Патрон на Кратово! 🌿

Чествувањето на Св. Ѓорѓи Кратовски, заштитник на нашиот град,…

Posted by Општина Кратово on Thursday, February 12, 2026

Најнови вести од Република

To top