Тој е еден од ретките фолкери со рокерски имиџ. Долга руса коса, фармерки, да не го знаете ќе помислите дека е пејач на некоја рок група. Но исто така е еден од ретките фолк изведувачи со академска диплома. Дипломирал на факултетот за музичка уметност во Скопје, но сепак негов инструмент е хармониката иако јавноста многу повеќе го познава како фолк пејач.
Љубовта кон музиката и свирењето хармоника воопшто ќе му ја пренесе неговиот татко кој исто така бил хармоникаш, од кого ќе ги научи првите тонови. Подоцна таа љубов во вид на хоби, прераснува во животна професија.
НО тој не е само фолк пејач и хармоникаш, туку и музички педагог и долгогодишен професор по хармоника и директор на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје. Неговата работа е препозната по промовирањето на инклузивноста преку музиката.
Како професор во „Димитар Влахов“ е меѓу иницијаторите за создавање на првиот музички бенд на деца со оштетен вид „Звучен бран“, проект кој ја поттикнува нивната општествена и културна интеграција. Преку своите часови по хармоника и работа со ансамблот, ја истакнува улогата на музиката како средство за рехабилитација и самодоверба. Неговата задача и цел е да ги едуцира и рехабилитира децата и младите со оштетен вид до степен на независност за професионален и личен живот. Формира и младински ансамбли со ученици со оштетен вид, а неговите ученици редовно освојуваат награди на државните натпревари.
Колку тој во естрадната јавност да важи за оние условно кажано „потивки“, таканаречени „ѕвезди од сенка“, толку во медиумите и естрадните кулоари во фокусот непрекинато беа и се’ уште се неговиот син – исто така естраден музилар и пејач Роберт, попознат под уметничкото име Џокер и снашката – поп пејачката Антониа Гиговска. Особено во времето на нивната „бурна врска“ пред да стапат во брачните води, кога нивната „забранета љубов“ беше на удар на јавноста, најмногу на социјалните мрежи и во кулоарските муабети, а нивните имиња не се симнуваа од насловниците на порталите.
Сепак во неговото семејство може да се каже дека владее вистинска „семејна хармонија“, зашто освен неговата сопруга сите се инволвирани во музиката. Тој, неговите два сина Роберт и неговата сопруга Антониа, потоа вториот син Александар – исто така музичар и поп изведувач, како и неговата актуелна девојка, пејачката Јана Спирковска.
За почетоците, музиката, музичката едукацијата на децата со визуелен хендикеп, директорувањето и професорувањето во специфична институција, за фолк кариерата и фолк естрадата, за напливот на музичките ѕвезди од соседството и нашата немоќ или незнаење како да го минеме Табановце, за наездата и масовното прифаќањена шундот наспроти квалитетот, за медуимското игнорирање на естрадната култура…
Но и за критиките и нападите на социјалните мрежи, чаршиските озборувања, аферите и насловите во таблоидите, за кариерата на синовите и снашките, за соработкат и помошта во нивниот музички подем, за внукот Киан и улогата на млад дедо, за кафеанскиот живот и неговото влијание врз одржувањето на изгледот и формата… И за многу други помалку познати или сосема непознати нешта, вткаени во неговата професија, „семејната хармонија“ и „медиумската какофонија“ на него и неговите најблиски во интер ток шоуто „Ништо лично“ на гости кај Антонио Димитриевски доаѓа фолк пејачот, музичар и музички педагог Бобан Боби Спасенцоваки.
Премиерата можете да ја гледате вечерва, среда, 18-ти февруари со почеток во 20.00 часот, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (