Република ЈП „Водовод“ Куманово

ЈП „Водовод“ Куманово почна со санација и асфалтирање, приходите зголемени за три милиони денари

Еден од најсериозните проблеми за претпријатието, како што вели директорот, се загубите на вода. Техничките загуби, според него, се во помал процент, додека најголем дел произлегува од дотраената мрежа и дивите приклучоци.

ЈП „Водовод“ Куманово почна со санација и асфалтирање, приходите зголемени за три милиони денари

ЈП „Водовод“ Куманово почна со акција на санација и асфалтирање по интервенциите на водоводната и канализациската мрежа, соопшти на денешната прес-конференција, директорот на претпријатието, Игор Липковски.

Во наредниот период се планира организирана акција за асфалтирање на поголема површина во рок од петнаесетина дена, доколку дозволат временските услови. Претпријатието оставрило поголема наплата последниов период.

– Во споредба со декември 2024 година, фактурираната потрошувачка кај физичките лица во декември 2025 е зголемена за над десет проценти, додека во јануари 2026 година, споредено со истиот месец лани, бележи пораст од околу осум проценти. Вкупните приливи во декември се повисоки за околу два милиони денари, а во јануари за околу 940 илјади денари. За двомесечниот период, претпријатието бележи зголемување на приходите од околу три милиони денари, изјави Липковски.

Вкупно за два месеци приливот е околу три милиони денари.

Еден од најсериозните проблеми за претпријатието, како што вели директорот, се загубите на вода. Техничките загуби, според него, се во помал процент, додека најголем дел произлегува од дотраената мрежа и дивите приклучоци.

-Има разлика помеѓу нелегална мрежа со нелегални приклучоци и легална мрежа со нелегален приклучок. За вторите најавуваме нулта толеранција и законски санкции. Кај населбите со целосно нелегална мрежа, планираме модел за нивно вклучување во системот преку привремени, законски регулирани приклучоци. Со тоа граѓаните ќе добијат сигурност, а претпријатието ќе ја зголеми наплатата, решение од кое добиваат двете страни, изјави Липковски.

МИА

Голем дел од градската мрежа, особено во централното подрачје, е стара повеќе од 40 – 50 години. Дефектите се чести, а санациите понекогаш оставаат оштетувања на коловозите поради временски услови. Како приоритетни проекти за тековната година се реконструкција на водоводната мрежа кај „Скопски дуќани“, поставување хидрантска мрежа во поширокото централно подрачје (околу суд, болница, училишта и градинки) и изградба на атмосферска канализација на дел од улицата „Доне Божинов“.

Според Липковски, претпријатието наследило сериозни долгови, пред сè кон електродистрибутивните компании и кон АД „Водостопанство – Кумановско-Липковско Поле“.

– Од долговите не бегаме, туку се соочуваме со нив и бараме решенија за постепена стабилизација, истакна Липковски.

Тој апелираше граѓаните да не фрлаат смет во атмосферската канализација, бидејќи се прават дополнителни трошоци при прочистување на водата во пречистителната станица. (МИА)

Најнови вести од Република

To top