Главниот дизајнер на Ред Бул, Крег Скинер, го напушти тимот во пресрет на почетокот на сезоната 2026, објави „RacingNews365“, повикувајќи се на австрискиот тим.
Скинер доброволно поднесе оставка.
– Крег беше составен дел од нашиот тим и клучен за неговиот успех, и би сакале да му се заблагодариме за неговата напорна работа и посветеност.
Целиот тим на Ред Бул му посакува се најдобро во иднина, стои во објавеното соопштение.
Крег се приклучи на Ред Бул во 2006 година и ја презеде функцијата главен дизајнер во 2022 година. Претходно имаше позиции во Џордан и Вилијамс.
Ред Бул заврши трет во Шампионатот на конструктори во 2025 година.