Состојки:
- За ќофтиња :
- 300 грама мелено месо
- 50 грама ориз
- 20 грама презла
- сол, бибер, сува пиперка
За готвење: - 4 големи лажици масло
- 1 голем кромид
- 1 голем морков
- 5 компири (480 грама)
- 100 грама пире од домати
- 1 литар топла вода
- сув зачин, рузмарин, сува пиперка
- 1 жолчка
- 3 лажици брашно
- 2 лажици вода
Подготовка:
Измешајте го месото со оризот (добро измиен и исцеден) и презлата, зачинете со сол, црн бибер и сува пиперка. Од смесата формирајте 20 мали ќофтиња. Во голем сад загрејте го маслото и прво пржете ги ќофтињата, мешајќи ги нежно, околу 5 минути, додека не поруменат убаво од сите страни. Додадете го ситно исецканиот кромид, морковот, доматното пире и компирите(исечени на коцки) и оставете ги да крчкаат околу 10 минути. Додадете ја течноста, веднаш зачинете со сув зачин, рузмарин, сува пиперка, магдонос или по вкус.Оставете да крчка покриено на средна температура. По 30-35 минути (кога компирите ќе се сварат) додадете ја претходно измешаната смеса од жолчка, вода и брашно во јадењето, оставете да се готви уште 5 минути и добро измешајте. Сервирајте топло.