Прекрасниот проект на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) продолжува и во 2026 година.
Ракометниот караван има следна дестинација – овој спорт своја промоција ќе има во источниот центар на ракометот – Богданци.
Караванот носи игра, насмевки и дружба во салата „Млаз“, заедно со Лилјана Новоселска, Ристо Узунчев и Марија Гугулјанова.
Ракометниот настан ќе се одржи на 21 февруари од 13:00 часот и се очекуваат многу најмлади ракометари и ракометарки, вљубеници во овој спорт, ракометни клубови и школи.