Јан Херл и Штефан Ембахер го донесоа златниот медал за Австрија во новата супертимска дисциплина во скијачки скокови на ЗОИ во Милано и Кортина.
Натпреварување заврши предвреме поради екстремните временски услови и Австрија пред Словенија се искачи на највисокото место на пиедесталот.
По силниот ветер и снег организаторот ја прекина третата серија, па жирито одлучи да ги признае резултатите по две комплетни серии. Австријците веќе беа недостижни, освојувајќи убедливи 568,7 поени. Така станаа први олимписки шампиони во оваа нова дисциплина.
Полјаците Павел Вонсек и Каспер Томашијак „летнаа“ до сребрениот медал. Бронзата замина во Норвешка, благодарение на Јохан Андре Форфанг и Кристофер Ерикесен Сундал.
Словенечкиот двоец Анже Ланишек и Домен Прец завршија само петти и останаа без медал.