Македонија

Јаневски: Запоставените речни корита и проблемот со дивите депонии во Кичево се резултат на долгогодишната негрижа на претходната власт

Во емисијата „Само вистини со Видиновски“ на Канал 5 телевизија гостуваше Младен Јаневски, член на Комисија за животна средина при УМС на ВМРО-ДПМНЕ кој во однос на поплавите во Кичево истакна дека за разлика од минатото, институциите брзо реагирале и дека ваквата ситуација е резултат на долгогодишната негрижа на претходната власт и отсуство на соодветни мерки во однос на дивите депонии и речните корита.

„За жал навистина е таква ситуацијата сведоци сме на поплавите кои се случија во Кичево, иако морам да напоменам дека навистина брзо се реагираше од страна на институциите, меѓутоа ова е проблем којшто е натежнат во државата, затоа што со години ништо не е направено ни по однос на дивите депонии, ни по однос на речните корита. Тоа е само еден од проблемите кои ги имаме наследено и како држава и како граѓани и како власт. Ќе ни треба период за сите тие работи ги исправиме и понатака да продолжиме онака како што треба, како што доликува на една држава“, вели Јаневски.

Во однос на вклученоста на младите, Јаневски нагласи дека во изминатите години имало стагнација, па дури и уназадување во делот на животната средина, притоа потенцирајќи дека денес гласот на младите станува се повлијателен во процесот на креирање политики.

„Имаме стагнација од децении наназад во однос на животната средина и тоа не е тапкање во место туку тоа е уназадување. Морам да признам дека навистина почнува да се слуша гласот на младите што мене навистина многу ме радува, за тоа говори фактот дека ние како УМС за минатите два изборни циклуси на парламентарните избори учествувавме во креирањето на програмата, конкретно во делот на животната средина, значи имавме соработка со повисоките структури во партијата што мене навистина многу ме израдува и мислам дека конечно почнува младиот глас да продира во повисоките кругови во политиката“, рече Јаневски.

Најнови вести од Македонија

To top