Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која згаснаа 14 животи, можела да биде спречена ако Филипче бил чесен и доколку не го интересирале провизии, анекси и тендери, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Трагедијата би била спречена доколку Филипче имал подготвено елаборат за електрична енергија, но и доколку техничката спецификација била како што треба, а истата ја прави одговорното лице назначено токму од Венко Филипче, по негова насока, каде што подоцна се констатира, дека не е во согласност со ниту еден стандард за изградба на објекти од областа на здравството. Не се почитувале Законот за градење и Законот за здравствена дејност. Дополнително, не се почитувале ниту минималните технички стандарди за заштита од пожари и експлозии. Филипче и Заев си го сменија и Законот за градење за модуларните болници да ги стават во категоријата урбана опрема и на овој начин да ги заобиколат контролите. Згора на се биле потрошени 300.000 евра од вкупно 30 милиони. Или, 1% од 100%. Каде отишле останатите 99% од парите нема одговор. Да потсетиме, за оваа трагедија осудени беа периферни ликови, а Филипче кој е единствениот потписник на модуларните болници не е повикан ниту на информативен разговор од надлежните органи. Истовремено, во време на Филипче сведочевме на обиди за набавки на вакцини од фирма која продава манго и ананас, сведочевме на давање физиолошки раствори наместо хемотерапија на Онкологија. Сведочевме и на милионски тендери во здравството, за кои до денес нема јасни одговори, кој профитирал и каде завршиле парите на граѓаните? Филипче е симбол на систем во кој политиката е над законот, а партиските интереси пред животите на граѓаните. Оние што треба да го гонат – шуруваат со него. Ова говори за потчинетоста на мала група судии и обвинители кон Филипче и неговиот ментор Заев, истакна Манасиевски.
Ние нема да дозволиме вистината да се заташка. Ќе бараме целосна истрага и одговорност за секој што придонел за оваа трагедија и за сите сомнителни зделки во здравството, додаде Манасиевски.