Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, предложи Градското собрание да даде согласност за поднесување уставна тужба против Владата на Хрватска поради организацијата на јавниот прием на ракометарите на 2 февруари.
Според него, Владата без согласност од Градот ја презела организацијата на настанот на плоштадот „Јосип Бан Јелачиќ“, со што била нарушена автономијата на локалната самоуправа.
Од Градот информираат дека Уставниот суд веќе одговорил на претходен поднесок, но конечната одлука ќе следи откако официјално ќе биде поднесена тужбата. Предлогот ќе се разгледува на седницата на 24 февруари.