Кошарка

Еден од најважните кошаркари на Партизан суспендиран поради допинг

Еден од најважните кошаркари на Партизан суспендиран поради допинг

Кошаркарот Дилан Осетковски од редовите Партизан  доби официјална суспензија поради прекршување на антидопинг правилата и нема да може да настапува до крајот на 2026 година.

Одлуката ја донела шпанската национална антидопинг агенција, која преку надлежните институции го информирала белградскиот клуб. Веднаш по известувањето, раководството на Партизан реагирало и го отстранило Осетковски од тимот.

Според решението, забраната за настап важи до 22 декември 2026 година, што значи дека искусниот кошаркар ќе биде надвор од терените во подолг временски период.

Случајот датира од 2023 година, кога Осетковски настапувал во шпанското првенство и бил позитивен на допинг тест.

Иако во меѓувреме имало постапка што му овозможила трансфер во Партизан, новите околности целосно ја смениле ситуацијата.

Ова претставува сериозен удар за црно-белите, со оглед на тоа што Осетковски неодамна имаше значајна улога во настапите на тимот во Евролигата и беше еден од поважните алки во ротацијата. Сега, Партизан ќе мора да бара нови решенија без еден од клучните играчи во ростерот.

To top