Кошарка

Мек Смит-Мекевен е МВП на Куп турнирот во Куманово

Мек Смит-Мекевен е МВП на Куп турнирот во Куманово

Екипата на МЗТ Скопје останува доминатор на македонската кошаркарска сцена. Аеродромци успеаја да слават во финалето од Купот на Македонија против МКК Куманово (96-70) и така го одбранија ланскиот трофеј, па дојдоа до четвртото одличје во низа.

По крајот на натпреварот, на свечената церемонија, беа прогласени најдобрите. МВП на турнирот е Американецот Мек Смит-Мекевен кој финалниот натпревар го заврши со 23 поени, три асистенции и два скока, односно индекс 26.

Странец е МВП на завршниот турнир во Купот на Македонија по пауза од четири години. Последен пат тоа беше Американецот Амир Смит од ТФТ во 2022 година, а по него најдобри беа Војдан Стојановски, Дамјан Робев и Андреј Маслинко.

Поврзани теми

To top