Ракомет

Охрид одличен со Дукла, се гледа четвртфиналето во ЕХФ Купот

Охрид одличен со Дукла, се гледа четвртфиналето во ЕХФ Купот

Македонскиот ракометен суперлигаш Охрид одигра перфектна партија и славеше убедливо победа над Дукла Прага од Чешка со 30-21 во рамки на првиот натпревар од осминафиналето на ЕХФ Купот, третото по ранг натпреварување во европскиот ракомет.

Избраниците на Борис Ројевиќ пред домашната публика покажаа сила и го покажаа својот квалитет.

Дарко Ѓукиќ со осум постигнати гола беше најдобар кај победникот, додека Анте Иванковиќ имаше седум гола, а кај Чесите, Јири Војтела и Лукас Мелих дадоа по четири гола.

Реваншот во Чешка помеѓу екипите на ГРК Охрид и Дукла Прага кој треба да биде само формалност се игра на 21 февруари.

To top