На 12.02.2026 во 18:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионален пат, на крстосница од с.Извор кон с.Богомила, велешко, патничко возило „фолксваген туран“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.У.(65) од с.Горно Јаболчиште, велешко, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.У.(66) од с.Горно Јаболчиште, а со телесни повреди се здобил возачот М.У., констатирани во Општа болница Велес.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.