Свет продлабочување на партнерството

Рубио и Мерц разговараа за глобалните предизвици, војната во Украина и зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа

Во соопштението се наведува дека Рубио му изразил благодарност на Мерц за силната поддршка на Германија за Украина, вклучително и повеќе од 64 милијарди евра помош од 2022 година, и разговарале за континуирана координација на напорите за обнова на Украина.

Рубио и Мерц разговараа за глобалните предизвици, војната во Украина и зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Минхен разговараше со германскиот канцелар Фридрих Мерц за глобалните предизвици, вклучително и унапредување на напорите за завршување на војната во Украина, зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа и обезбедување на синџирите на снабдување, соопшти Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека Рубио му изразил благодарност на Мерц за силната поддршка на Германија за Украина, вклучително и повеќе од 64 милијарди евра помош од 2022 година, и разговарале за континуирана координација на напорите за обнова на Украина.

Се истакнува дека Рубио и Мерц ја повториле важноста од продлабочување на партнерството меѓу САД и Германија во сите тие области.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top