Женската пионерска репрезентација на Македонија запиша победа на Медитеранското првенство во Приштина, совладувајќи ја селекцијата на Грција со 24-18.
Иако почетокот не ветуваше многу и нашите млади ракометарки го загубија првиот период со 7-9, во продолжението покажаа карактер и целосно ja презедоа контролата.
Во вториот дел славеа со 8-5, а во третиот доминираа со 9-4, правејќи комплетен пресврт за убедлива победа. Ова е важен триумф за самодовербата на генерацијата, која претходно претрпе порази од Италија, Словачка и Словенија.
Македонија ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза против Хрватска, по што следува разигрувањето за конечен пласман на турнирот, кое е закажано за в сабота.