Кошарка

Емил Рајковиќ ја раскина соработката со Тофаш

Емил Рајковиќ ја раскина соработката со Тофаш

Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ не е повеќе тренер на турскиот клуб Тофаш.

Клубот од Бурса ја објави разделбата со тренерот кој беше назначен на почетокот на сезоната 2025/26 година.

Одлуката за разделба е взаемно. Во меѓувреме клубот му се заблагодари на соработката.

Емил Рајковиќ во Турција дојде откако ја предводеше екипата на ЦСКА Москва, а работеше во Автодор, Астана, Штал Остров, Сласк, МЗТ, Работнички и Фени.

To top