Останати спортови

Словачка ја победи Финска

Словачка ја победи Финска

Ледената арена на Зимските олимписки игри во Милано виде пресврт кој ретко се памети.

Словачка ја совлада Финска со 4:1 и му зададе тежок удар на актуелниот олимписки шампион.

Словачка славеше со 4:1, по периоди 1:0, 0:1 и 3:0.

Словачката репрезентација така се реваншираше за поразот од 2:0 во полуфиналето на претходниот олимписки турнир.

Тогаш Финска го освои првото злато во својата историја, на Игрите во Пекинг 2022. Словачка тогаш заврши трета.

Херојот на вечерта беше голманот Самуел Хлавај. Тој запиша дури 39 одбрани.

To top