Никола Миротиќ би можел да стане првиот играч кој ќе го напушти Монако поради сериозните финансиски проблеми во клубот.
Рускиот бизнисмен Алексeј Федоричев го напушти клубот, оставувајќи хаос, а играчите не примаат плата со месеци и тренинзите ги посетуваат формално.
Миротиќ, кој сезонава во Евролигата просечно бележи 10,7 поени, 4,4 скока и 1,4 асистенции по натпревар, има годишна плата од 2,5 милиони евра, што го прави неговото заминување неизбежно.
Во моментов најзагреан клуб кој е заинтересиран да го ангажира Миротиќ е шпански Хувентуд.