Ракомет

РК Алкалоид лесно до убедлива победа во Битола

РК Алкалоид лесно до убедлива победа во Битола

Ракометарите на Алкалоид вечерва, во рамките на 20.коло од Суперлигата, славеа како гости кај Пелистер 2 со 22:36.

Се чини и повеќе од рутински одработена задача на избраниците на Кирил Лазаров кои во текот на целиот меч беа доминантни, ја оправдаа улога на фаворит и на крај апсолутно ја заслужија победата.

Кај победничкиот тим одличен беше Тхордарсон кој постигна осум голови од исто толку обиди, Ненад Костески беше стрелец на пет голови, а Марко Митев од четири обиди постигна исто толку голови. Кизиќ имаше 12 а Галевски 8 одбрани.

Кај домашните најефикасен беше Махфоудх со 8 голови.

Ова е 15-та победа на Алкалоид сезонава во тие 20 меча, па така најверојатно ќе остане на 4.место на табелата со оглед на тоа дека првиот тим на Пелистер подоцна го игра својот меч од ова коло.

Уште на стартот од средбата гостите од Скопје покажаа дека се дојдени во Битола по победа и само победа ги интересира. Во почетната фаза од средбата домашните даваа каков таков отпор, но како што одминуваше времето, Алкалоид ја билдаше разликата која на полувремето изнесуваше +8 или 12:20.

Во продолжение од средбата четата на Лазаров едноставно знаеше како да одигра а без премногу да се потроши, за да на крајот да дојде до очекуван триумф.

To top