Кошарка кошарка

Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2026 во Куманово

Завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ ќе се одржи во спортската сала во Куманово од 13 до 15-ти февруари, годинава, соопштија на денешната прес-конференција организаторите и од кошаркарската федерација на Македонија на која учествуваа тренерите и капитените-играчите на осумте екипи-учесници на финалниот турнир во Куманово.

Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2026 во Куманово

Завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ ќе се одржи во спортската сала во Куманово од 13 до 15-ти февруари, годинава, соопштија на денешната прес-конференција организаторите и од кошаркарската федерација на Македонија на која учествуваа тренерите и капитените-играчите на осумте екипи-учесници на финалниот турнир во Куманово.

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски е задоволен што во Куманово е домаќин на престижниот турнир и на кој се реализира во сеќавање на Буштур.

– Им посакувам успех на екипите. Благодарност до федерацијата којашто донесе одлука тука во реновираната спортска сала да се одржи турнирот, посакувам и во иднина да се одржува тука. На овој начин се збогатува понудата за љубителите на кошарката, изјави Димитриевски. Тој очекува наскоро да се постави и системот за затоплување и ладење во салата која неодамна беше реконструирана. Димитриевски го врачи и преодниот пехар на минатогодишниот освојувач, екипата на МЗТ Скопје.

Претставниците од раководството, Ненад Стојановски и Андреа Маџовски кажаа дека процесот на организација не е едноставен, но се горди што токму во Куманово се одржува и очекуваат трофејот да остане во градот.

На првиот натпреварувачки ден, 13. февруари (петок), ќе се одиграат четвртфиналните натпревари. Програмата стартува од 12. часот, со натпреварот во кој се среќаваат екипите на ТФТ и Феникс 2010. Претставниците на тимовите очекуваат добри натпревари, ја поканија публиката да ги проследи.

Од 14.30 часот, следува натпреварот кој привлекува и најголемо внимание во македонската кошаркарска јавност. Ќе играат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

-Традиционално градско дерби, натпреварот е многу важен, кажа тренерот, Васко Атанасов. МЗТ има најмногу освоени титули и се актуелен освојувач на купот на Македонија и петок ќе го бранат трофејот освоен минатата година.

Од 17. часот, на распоредот е мечот Маџари-Кожув, а од 19.30 часот, за место во полуфиналето ќе разигруваат Пелистер и домаќинот на турнирот, МКК Куманово.

– Драго ми е што токму во Куманово ќе се одржи купот во градот на кошарката, очекуваме поддршка од публиката нашите „Кумани“ и ќе дадеме сè од себе, кажа тренерот на МКК Куманово, Марин Докузовски.

Наредниот ден, 14. февруари (сабота), на програмата се двата полуфинални натпревари.

Првото полуфинале е закажано за 17. часот (ќе играат подобрите од средбите ТФТ-Феникс 2010, Пелистер-МКК Куманово), а од 19.30 часот, ќе се игра и вториот полуфинален меч (победниците од натпреварите МЗТ Скопје Аеродром-Работнички и Кожув-Маџари).

Недела, 15. февруари, е резервирана за финалниот натпревар со почеток од 19. часот.

Претставниците на екипите кажаа дека очекуваат успех.

Поврзани теми

To top