Познати поткаст

Бардот на македонското глумиште Благоја Чоревски на муабет во „Ништо лично“

Бардот на македонското глумиште Благоја Чоревски на муабет во „Ништо лично“

Тој денес е вистинска македонска актерска легенда, а патото кон глумата му бил предодреден веројатно уште од самото раѓање. Татко Му Трајко еден од членовите на патувачкото позориште на Прличко уште во кралевина Југославија и еден од основоположниците на Македонскиот народен театар, мајка му Ратка актерка исто така. Тој и брат му Борис како дечиња  ќе растат во културните институции каде што „штиците живот значат“, па логично ќе биде глумата да им биде и ним животна определба.

Игра улоги уште од малечок, првата заедно со татко му во Битолскиот театар. Откако ќе го одбијат на студиите по режија во Белград, заминува и запишува глума на академијата во Софија. По враќањето во Македонија, од 1971 година, па се до своето пензионирање во 2012 година ќе и остане верен на матичната нтеатарска куќа – Драмскиот театар во Скопје.

Остварил безброј театарски улоги, играл во мноштво претстави не само во матичниот Драмски, туку и низ многу други театри во Македонија, соработувал со најголемите македонски режисери.

За своите улоги ги добил најголемите актерски признанија, но и највисоките државни награди. Покрај актерството и директорувал со Драмскиот театар и тоа речиси 16 години од 1983 до 1998 година, за потоа да влета во политиката, за што и самиот вели дека му е најголемата грешка во животот.

Бил заменик-министер за култура 0д 1988 до 2001 година, како кадар на партијата на Васил Топурковски, Демократска алтернатива. Подоцна станува и претседател на Советот на град Скопје, каде бил разрешен на 2008 година. Како висок функционер  на ДА,  подоцна ќе премине во Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, по што набргу ја напушта политиката засекогаш, но глумата – никогаш.

Продолжува да игра и во пензионерските денови, само сега многу повеќе како гостин во пратставите на некои независни театри, како што е театарот „Отпишани“, каде публиката може да го види во нивните две драмски остварувања „Среќен мртовец“ и „Животот е краток и нејасен“.

За детството и животната определба, за неговите родители и брат му  Борис, за театарот, глумата, претставите, „подметнувањата“ на колегите, за Драмски и улогите, хуморот и сатирата, за соработката со режисерите, филмот и телевизијата, за директорувањето  во Драмски…

Но и за влезот во политиката и министерувањето, за актуелните состојби во културата, за онаа неговата и новите генерации актери, за независната театарска сцена, за семејството и идните планови…

И за уште мноштво знаени и незнаени нешта поврзани со актерството, неговиот живот и кариера на кафе муабет во интер ток шоуто „Ништо лично“, на гости во поткастот на Антонио Димитриевски, бардот на македонското глумиште Благоја Чоревски – Чоре.

Премиерата можете да ја гледате вечерва, среда,  11-ти февруари со почеток во 20.00 часот,  ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (
To top