Останати спортови

Швеѓаните триумфираа и го освоија златото во карлинг

Швеѓаните триумфираа и го освоија златото во карлинг

Шведскиот мешан пар Изабела и Расмус Врано го освои златниот медал во карлинг на ЗОИ во Милано Кортина.

Шведска, претставувана од братот и сестрата Врано, во финалето ја победи селекцијата на Соединетите Американски Држави со резултат 6-5.

За Американците настапија Кори Дропкин и Кори Тизи. Бронзениот медал го освои репрезентацијата на Италија, која ја победи селекцијата на Велика Британија со 5-3. Италија ја претставуваа Стефанија Константини и Амос Мозанер.

To top