Свет Откако помина речиси девет месеци во затвор

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа е во домашен притвор

„Тој е во мојот дом во Маракаибо. Се надеваме дека нашето семејство наскоро повторно ќе биде заедно“, напиша Рамон Гуанипа на профилот на социјалните мрежи Икс на неговиот татко.

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа е во домашен притвор

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа, близок соработник на добитничката на Нобелова награда за мир Марија Корина Мачадо, денеска е ставен во домашен притвор.

Информацијата ја потврди неговиот син, откако Гуанипа повторно беше уапсен вчера, само неколку часа по неговото ослободување од затвор.

„Тој е во мојот дом во Маракаибо. Се надеваме дека нашето семејство наскоро повторно ќе биде заедно“, напиша Рамон Гуанипа на профилот на социјалните мрежи Икс на неговиот татко.

Тој, исто така, ѝ се заблагодари на американската влада „за нејзините постапки во корист на слободата на Венецуела и сите политички затвореници“.

Хуан Пабло Гуанипа помина речиси девет месеци во затвор под обвинение за заговор. Откако беше ослободен во неделата, тој беше обвинет за кршење на условите на условната слобода и беше повторно уапсен, пред властите да го стават во домашен притвор, потсетуваат светските агенции.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top